5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на „Дуо Скупи“ во Софија

Концерт на „Дуо Скупи“ во Софија

Концерт насловен „Македонски звуци“ ќе одржи Дуо Скупи ќе се одржи во среда вечер во КИЦ на Р. Македонија во Софија.

Дуо Скупи во состав: Јета Старова-Мехмети, флејта, и Ермаљ Мехмети, виолина, на овој концерт ќе ја изведат програмата од нивниот втор компакт диск под наслов „Мак саундс“, која претставува преработки на македонски стари песни и ора.

Публиката ќе има можност да ги слушне познатите: „Со маки сум се родила“, „Не си го продавај, Кољо, чифликот“, „Се посврши сербез Донка“, „Јано мори“, „Пајдушко оро“, „Калајџиско оро“.

Дуо Скупи постои од 2006 година и од тогаш со голем успех настапува на значајни настани во Македонија, но и во Франција, Италија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Бугарија, САД, Германија, Австрија, Унгарија, Романија.

Ова дуо својот прв компакт диск го промовираше во текот на 2012 година во Перник, Ќустендил и Софија. Дуото е добитник на признанието „Distinguished musicians“ на Меѓународен натпревар во Рагуса, Италија, како и на Статуетка за хумани и музички активности „Мајка Тереза“ во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП