3 мај, 2024
ПочетнаДИЕТИДиетата на д-р Маурицио Месекве

Диетата на д-р Маурицио Месекве

Оваа диета трае 1-2 седмици, за кои се губат 3-5 кг. Оваа диета е никокалорична бидејќи е предвидено дневно внесување на само 900 калории. Тука станува збор за природна исхрана, која се базира на медитеранската кујна.

 

Појадокот е секој ден ист: Голема чаша сок од свежо цедено овошје, шолја билен чај и поголемо количество вода во која можете да додадете цеден лимон.

 

1 Ден

Ручек: компот од суво овошје, варено јунешко месо во зелен сос, зеленчук варен на пареа.

Вечера: супа од магдонос и моркови, овошна салата од ананас и цитрони.

 

2 Ден

Ручек: ананас, лосос, тиквички на пареа

Вечера: полнети модри домати, пире од зеленчук, посно сирење и спанаќ

 

3 Ден

Ручек: зеленчук по избор, обарено телешко месо, сок од шумско овошје

Вечера: крем-супа од печурки, компир во фолија со сирење

 

4 ден

Ручек: запечен зеленчук, палачинки со сирење, парче диња

Вечера: варена риба, моркови, тиквички и пченица, готвени на пареа, јаболко

 

5 Ден

Ручек: пилешки стек со зеленчук, круши со лимон

Вечера: ананас, киви, супа, лигњи, салата

 

6 Ден

Ручек: варен спанаќ, телешко обарено месо, компот од ананас

Вечера: варен зеленчук, овошје по избор

 

7 Ден

Ручек: мешана салата, шпагети со домати

Вечера: сок од јаболко и сок од моркови, мисиркино месо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП