18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрава домашна супа која ќе ви помогне да ги намалите килограмите

Здрава домашна супа која ќе ви помогне да ги намалите килограмите

minestrone-3

Супата од зеленчук е полна со хранливи состојќи кои на вашето тело ќе му дадат се што му е потребно, а истовремено ќе ве ослободат од масните наслаги кои, веројатно, дополнително сте ги наталожиле во зимските денови.

Супернамирниците во оваа супа се полни со влакна, а одредени зачини, како црниот пипер кој помага при процесот на варење, истовремено поттикнува и исфрлување на токсините и мастите од телотто. Сигурна, ефикасна и истовремено хранлива, оваа супа, е одличен избор за здраво слабеење.

За подготовка на супата потребни ви се: 1 компир, 3 моркови, 1 стебленце целер, 1 црвен кромид, 1 чешне мелен лук, прстофат морска сол, ½ лажички црн бибер, малку црвена мелена пиперка, 1 ловоров лист, 400 гр. пастеризирани домати, 400 гр. веќе сварен грашок (може и од конзерва), една шака спанаќ и маслиново масло.

Сите состојки, освен спанаќот и маслиновото масло, ставете ги на тивок оган и оставете ги да се варат. Пред самиот крај, кога зеленчукот е сварен, додадете го спанаќот и оставете го уште некоја минута да се вари (сосема кратко). При сервирањето во секоја чинија додадете 1 лажица маслиново масло.

Доколку сакате кремасти супи, по варењето, сите состојки испасирајте ги со блендер. Намалете ги останатите намирници, особено калоричните слатки и масните јадења, и преку целиот ден консумирајте ја оваа здрава домашна супа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП