18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА7.000 слободни работни места – кои профили ги бараат компаниите?

7.000 слободни работни места – кои профили ги бараат компаниите?

rabota

При стапка на невработеност од 23.4% дел од компаниите не можат да најдат обучен кадар. Во земјава има околу 7.000 слободни работни места. Како да се надминат ваквите дисбаланси?

ДЗС: 6.470 слободни работни места

Во Македонија има 6.470 слободни работни места според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) кои се однесуваат на четвртиот квартал од 2016-та.

Најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија (2.108), потоа во трговијата (1.379), хотелите и рестораните (563), градежништвото (381).

Гледано по региони најмногу отворени позиции има во  Скопски (3.121) и Пелагониски (1.105), а најмалку во Полошки (180) и Југозападен (293).

Според ДЗС во Македонија има вкупно 221.959 невработени и 727.985 вработени односно стапка на невработеност од 23.4%. Овие бројки се однесуваат на третиот квартал од минатата година.

АВРМ: најбарани продавачи и општи работници

Од друга страна според Агенцијата за вработување (АВРМ) во моментов на пазарот на труд има 8.187 слободни работни места. И според овие податоци најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија (2.734), трговијата (2.082), градежништвото (821).

Најбарани занимања се продавач (754 позиции), работник во погон (562 позиции), општ работник (493 позиции).

АВРМ тврди дека заклучно со 31.12.2016 во земјава имало 104.523 невработени и 96.251 заведени во категоријата „други лица кои бараат работа“.

Истражувањата на Агенцијата за вработување покажуваат дека во земјава има хроничен недостиг од квалификуван кадар во одредени дејности.

Од оние со завршено високо образование се бараат: програмери, информатичари, градежни инженери, архитекти, машински инженери, електроинженери, технолози, фармацевти, графички дизајнери.

Од луѓето со средно или со вишо образование се бараат: комерцијалисти, техничари, медицински сестри, администратори, леари и слично.

Средното стручно образование треба да испорача: шивачки, бравари, столари, заварувачи, армирачи, лимари, повеќе профили на градежни работници, металостругари, монтери, автомеханичари, електроинсталатери, преработувачи на овошје и на зеленчук за потребите на преработувачката индустрија.

Дисбаланси на пазарот на труд

Бизнисмените велат дека и покрај високата стапка на невработеност тешко доаѓаат до стручни и квалитетни кадри. Пазарот на труд има дисбаланси – вишок на правници и економисти, недостаток на инженери и програмери.

„Ако знам како родител дека моето дете ќе има поголема шанса ако биде програмер, ќе направам се за тоа, преквалификациски курс или што и да е. Ако го не го направам тоа, ако моето дете стане правник ќе влезе само во масата каде има огромна конкуренција“ вели Дарко Велков, сопственик на vrabotuvanje.com. Од друга страна и инсистирањето да се заврши факултет, односно да се добие диплома предизвикува проблеми на пазарот. Тоа се согледува и во огласите за работа – многу тешко се доаѓа до продавачи, шивачи, заварувачи.

Бизнисмените постојано апелираат дека тешко доаѓаат до соодветно обучени работници и покрај стапката на невработеност од 23.4%.

Во Сојузот на стопански комори (ССК) излегоа и со предлог – мерки во оваа насока. Бараат законски измени за практична работа преку кои би се регрутирале работници уште во средните училишта.

Дисбалансите на пазарот на трудот се решаваат и преку субвенционирани обуки. Преку програмата на Агенцијата за вработување се реализира програма која треба да ја зголеми вработеноста на начин што невработените се стекнуваат со соодветни знаења и вештини, кои во моментов се бараните на пазарот на трудот. Мерката се применува на повеќе од 600 активни баратели на работа.

К. Н.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП