6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Состојба и предуслови за добра жетва во 2017

ССК: Состојба и предуслови за добра жетва во 2017

bbb

Климатските промени се вистинска закана за одржливиот развој на земјоделството. Иако земјоделството е комплексен и веќе развиен сектор, се уште зависи од топлината, сончевата светлина и водата, како основни фактори за раст на културите. Директната зависност од климатските услови го прави земјоделството најпогодено на климатските промени. Во 2016 година под есенски посеви посеани се вкупно 131.641 хектари и тоа кај земјоделските претпријатија засеани се вкупно 29.524 ха, а кај индивидуалните земјоделски стопанства вкупно 102.117 ха. Житните култури опфаќаат вкупно 125.208 ха или околу 95% од ораниците обработени во есен 2016 година со најголемо учество на пченицата со 74.164 ха и јачменот со 48.033 ха.

Обемот на обработеното земјиште под ораници опфатено со есенската сеидба во 2016 година во споредба со есенската сеидба во 2015  година е за 10% поголем, односно засеаната површина е за 12.324 ха поголема во однос на засеаната површина во есен 2015 година. Важноста од имплементација на современа технологија во агробизнисот е неопходна со цел  да се задржи конкурентноста и да го подобриме квалитетот на приносите. Во пресрет на подготовките за пролетна сеидба, со користење и примена на современи агротехнички мерки, може да очекуваме и поголеми приноси“, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агро бизнис комората.

Тој додаде дека во насока на интензивирање на националното производство и како резултат на меѓусебната комуникација со членовите на Агро-бизнис комора, евидентна е потребата за примена на дополнителни – современи технологии кои ќе допринесат за остварување на континуитет на агротехнолошки мерки кои се потребни за земјоделските култури од различни сектори без разлика на временските услови и последиците од нив.

bbb

Поради моменталната потреба во рамки на сезоната и во согласност со потребите на компаниите, би сакале да ја стимулираме и промовираме употребата на различни мали типови на летала од типот на дронови, жирокоптери, и различни мали летала  мотор или без мотор во процесот на третирање на земјоделските култури како што се фолијарна прихрана, ѓубрење и заштита од болести со апликација на хербициди, фунгициди и инсектициди. Нивната употреба во земјоделието зема голем замав, но за жал кај нас се уште претставува новитет а ефектите кои ги генерираат се големи. Во период на врнежи е невозможно спроведување на агротехнички мерки – што би значело влегување на соодветна механизација во самите полиња, но со употреба на ваква технологија процесот е максимално поедноставен, а оштетувањето на посевите при влез на самата механизација во полињата е сведено на минимум. Користењето на едно вакво современо мало летало може индивидуално преку внесување на координати од полето каде што е потребно да се врши прскањето, самото да го заврши целиот процес со минимална потреба на работна сила“, изјави Оровчанец.

Сето ова во Република Македонија е значително применливо, поради фактот што од една страна засеаните полиња се расцепкани и со мали површини при што неприменливи се секогаш употребата на поголемите авиони за прскање, а од друга страна економски е поприфатлива нивната употреба.

Дополнително, имплементацијата на научните достигнувања во рамки на воведувањето и селекцијата на сорти во голема мера допринесува кон адаптација на земјоделските култури кон ново настанатите климатски услови и борбата против суша, мраз и високи температури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП