29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок терапијата успешна - Лестер го совлада Ливерпул

Шок терапијата успешна – Лестер го совлада Ливерпул

57740322258b49fb6e2c37466933462_w640

Лестер го надигра Ливерпул во последниот натпревар од 26.коло во Премиерлигата. Во првиот натпревар по заминувањето на Клаудио Раниери блескаше Џејми Варди кој постигна два гола.

Шок терапијата делуваше позитивно врз фудбалерите на Лестер, кои не само што конечно постигнаа гол во 2017 година, кога е во прашање Премиерлигата, туку ја прекинаа серијата од пет порази и особено во првото полувреме потесетија на игрите од минатата сезона кога ја освоија титулата.

Лестер го скрши Ливерпул во првиот дел со неговото оружје, силниот пресинг високо на половината на противникот, константно напаѓаќи го Лукас Леива кој беше најслабата алка во дефанзивата на „црвените“.

Откако пропуштија неколку добри шанси за постигнување на гол, Мињоле го совлада Варди во 28.минута. Олбрајтон со додавање од речиси 40 метри го спо Варди со Мињоле, а англискиот репрезентативец рутунски ја реализираше шансата.

На пет минути фдо крајот на првото полувреме по корнерот и мешаницата пред голот на Ливерпул, Џан ја осфрли топката на која налета Дринквотер и со полуволеј од 24 метри го матираше Мињоле.

Ливерпул се обиде да притисне во вториот дел, но Лестер добро функционираше во дефанзивата. Јасна беше определбата на Лестер дека во второто полувреме шансите ќе ги бара преку контранападите, а еден таков кој се претвори во долга акција и комбинација на Марез и Фукс ја заврши Варди.

На истекот на 60-та минута Фукс испрати идеален центаршут Варди во скокот беше повисок од Џан и Леива и погоди за 3:0.

По третиот примен гол Ливерпул организираше неколку опасни акции, а Кутињо во 69.минута со прецизен удар ја заврши акцијата на Емре Џан.

До крајот на мечот Кутињо и Ориги имаа шанси за Ливерпул, Дринквотер за Лестер но резултатот не се менуваше.

Лестер ја забележа шесттата победа во Премиерлигата и со 24 бодови е на 15-то место, додека Ливерпул по петтиот пораз остана на петтатат позиција со 49 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП