29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостсредно образование овозможува квалификација за работа

Постсредно образование овозможува квалификација за работа

постсредно

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, учествуваше на завршниот настан за ИПА Проектот „Поддршка на модернизацијата на системот за постсредно образование”.

„Афирмирањето на доживотното учење, бара развој на културата за учење на индивидуално и институционално ниво, во сите сфери на јавниот и приватниот живот, а токму инвестирањето во постсредното образование овозможува зголемување на привлечноста за професионално, континуирано усовршување и развивање.”, нагласи Лутфиу.

Постсредното образование им нуди можност на младите луѓе да ги надградуваат нивните професионални и технички вештини, односно да се стекнуваат со квалификации кои се барани на пазарот на трудот. Но, исто така ваквите можности се отвараат и за возрасните лица во насока на нивна поголема вработливост како и за развивање на нови вештини и квалификации соодветни на постојаните промени на пазарот на трудот.

Министерот Лутфиу, во своето обраќање, го истакна значењето на секторскиот начин на работа при реализација на овој твининг договор, што подразбира успешна координација на сите релевантни чинители.

„Се надевам дека зајакнатата соработка меѓу Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образованието како и стручните училишта и провајдерите за обука на возрасни и понатаму ќе продолжи да се унапредува.”, рече Лутфиу.

Проектот започна во август 2016 година и за предвидениот шест месечен период, во соработка со Образовниот истражувачки институтот од Република Полска, Министерството за образование и наука успешно ги реализираа предвидените излезни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП