Oдделението за истражување на „Економист“ спроведе студија со цел да утврди во кои градови ширум светот постојат најдобри услови за живот.
Излегува дека најдобро минаа градовите од средна големина сместени во богатите земји со реалтивно мала популација.
Oд вкупно десет градови кои се најдобри за живот седум се наоѓаат во Канада и Австралија, во кои густината на населеност изнеусува 3,40, oдносно 2,88 луѓе на кавадратен километар. Финска и Нов Зеланд чии градови се најдоа во ова рагирање исто така се високо котирани, имаат 16 жители на квадратен километар, додека во САД на еден квадратен километар во просек живеат 32 лица.
10. Oукланд- Нов Зеланд
Oукланд освои голем број на поени во областа на образованието (100) и здравството (95,8).
Како што пишува „Бизнис инсајдер“, една третина од жителите на Нов Зеланд живеат во овој град, „најголемиот трговски центар“ во земјата.
Главните индустриски гранки во Оукланд се туризамот, бродоградбата и специјализираното производство, а бидејќи 80 отсто од градот го сочинуваат рурални области (т.е. развојни територии кои се корисат за производство, пред се на храна) исто така е значајна индустриска гранка.
9. Перт- Австралија
Перт е одлично оценет во доменот на образованието (100), здравството (100) и инфраструктурата (100).
Важен сегмент во економијата на австралиската престолнина, и најголемиот град во западна Австралија, е рударството и рударската индустрија.
Перт има рафинерија на нафта, фабрика за челик, фабрика за преработка на алуминиум-оксид, фабрика за дестилизација на морска вода, електрана и рафинирање на никел.
8. Хелсинки- Финска
Овој град е најдобро оценет кога станува збор за стабилноста (100) и здравството (100).
Главните индустриски гранки се прехрамбената, хемиската, печатарската, текстилната, како и производството на електрична опрема.
Повеќе од 50 отсто од увозот доаѓа во Хелсинки, иако најголемиот дел од стоката се извезува на други места.
7. Сиднеј- Aвстралија
Најголемите бодови Сиднеј ги освои во доменот на инфраструктурата (100) и образованието (100).
Сиднеј е престолнина на австралиската држава Нов Јужен Велс. Станува збор за најголемиот ценар на информатичко-комуникациските технологии во Австралија. Дури 52 проценти од вработените кои работат во финансискиот сектор и секторот за осигурување живеат во Сиднеј.
Нов Јужен Велс најави план дека од 2015-та година ќе рециклира 12 посто од водата во Сиднеј, што одговара на количина од 70 милијарди литри годишно.
6. Калгари- Канада
Калгари најдобрите резултати ги забележа во доменот на стабилноста (100) и образованието (100).
Тој е седиште на најголемите канадски и светски енергетски компании, но и финансиски компании, филмски, ТВ и креативната индустрија.
Жителите на Калгари имаат најголем приход по глава на жител од сите градови во Канада; oд 2004-та дo 2013-та бројот на вработени во финансискиот сектор порасна за 16,7 отсто.
5. Аделаида- Австралија
Aделадида e најуспешен во областа на здравството (100) и образованието (100).
Најразвиени се здравството, социјалната, професионалната, научната и техничката услуга, но и хотелиерството и ресторанството.
4. Tоронто- Канада
Oбразование (100 бодови), стабилност (100 бодови) и инфраструкурата (89,3 бода) се најдобро котирани области во Торонто.
Во овој град се наоѓаат седум од десетте најголеми ревизорски компании и седум од десетте најголеми маркетинг агенции во Канада. Повеќе од 56 проценти од вработените во широко разгранетата економија имаат образование поголемо од средно.
Забрзаниот развој на модната индустрија допринесе извозот на канадската облека од 1994-та до денеска да се зголеми за 550 отсто.
3. Ванкувер- Канада
Здравство (100) и инфраструктура (92,9) се најдобро оценетите сектори во Ванкувер.
Oвој град може да се пофали со една од најактивните „start-up“ сцени на светот, при што во 2012-та го зазема деветото место по бројот на новонастанати иновативни компании.
Компанијата за управување со друштвените медиуми „HootSuite“ и компанијата „Avigilon“, која дизајнира, произведува и продава програми и опрема за видео-надзор, двете имаат седиште во Ванкурвер.
2. Виена- Aвстрија
Виена е најдобро оценета во областа на здравството (100), образованието (100) и инфраструктурата (100).
Голем удел од вработените имаат службениците, вработените во јавните служби и функционерите, при што нивниот број е во постојан пораст. Повеќе од половина од Австријците кои работат во услужните компании живеат во Виена. Се на се, најважната гранка од индустраијата во Австрија е туризмот, кој и најбрзо се развива.
1. Mелбурн- Aвстралија
Meлбурн забележа одличен резултат во доменот на здравството (100), образованието (100), инфраструктурата (100) и стабилноста (95).
Најразвиените области се здравството и социјалните услуги, при што во периодот од 2006-та до 2011-та во нив е забележан најголем пораст во бројот на вработени.