2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАUniversal Music group ги откупи правата на необјавените песни на Принс

Universal Music group ги откупи правата на необјавените песни на Принс

prins-640x427-51077

Компанијата Universal Music group ги откупи правата на речиси сите необјавени песни на американскиот музичар Принс, со договор што го склучи со неговите наследници.

Оваа најголема музичко-издавачка куќа на светот соопшти дека за цена што не беше обелоденета, ги добила правата на речиси сите необјавени песни на музичарот кој ненадејно почина на 21 април 2016 година од прекумерна доза на анагетици врз база на опијати.

Universal Music group ги презема и правата на 25 албуми објавени од Принс.

Universal Music group е американско-француска музичка корпорација, подржужница на францускиот когломерат Vivendi.

Тоа е најголема издавачка куќа на светот со седиште во Санта Моника, во американската сојузна држава Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП