17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската слика на светот повеќе не е иста, кој го има престолот?

Економската слика на светот повеќе не е иста, кој го има престолот?

tron 30055

Кина до 2050-та година би требало да стане најголемата светска економија, додека САД би можела да го загуби својот моментум и да остане зад Индија.

Тоа се проценува во најновото истражување на консултантската компанија „PwC“.

Светската економија би можела до 2050-та двојно да се зголеми под претпоставка на општо олеснување и недостаток на поголеми глобални катастрофи, проценува „PwC“ во извештајот наречен „Долгорочна прогноза: како ќе се промени сликата на светската економија до 2050-та година“.

tron 30056

На табелата со 32 земји, заснована на проценката бруто домашниот производ (БДП) искажан во паритетната куповна моќ (PPP), водечкото место и припадна на Кина со проценет БДП во 2050-та од 58.500 милијарди долари и удел од една петина во светската економија.

Следи Индија со БДП поголем од 44.000 милијарди долари, додека САД се најде на третото место со проценета вредност на БДП од 34.100 милијарди долари.

Четвртото место и припадна на Индонезија со проценет БДП од 10.502 милијарди долари, петото на Бразил со 7.540 милијарди, a шестото на Русија со 7.131 милијарди долари.

Меѓу европските економии Германија на табелата го зазема деветото место со проценета вредност на БДП во 2050-та година од 6.138 милијарди долари.

Економииите во развој би требало во наредните 30-тина години да бидат мотор на растот на светската економија и до 2050-та да сочинуваат речиси половина од светската економија, во однос на сегашните околу 35 посто, велат од американската консултантска компанија.

Уделот на „EУ27“, без Британија“, во светскиот БДП би можел да се намали под нивото од 10 отсто и со тоа ќе биде помал од оној на Индија.

tron 30057

„Очекуваме растот во најголем дел да се оствари во економиите кои настануваат и кои се во развој, при што седумте од нив – Брзил, Кина, Индија, Индонезија, Мексико, Русија и Турција и во следните 33 години ќе растат во просек од 3,5 проценти годишно“, се вели во истражувањето.

Само за споредба, развиените економии од групата Г7 – Канада ,Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД ќе бележат раст во просек од само 1,6 посто годишно, проценуваат во „PwC“.

Меѓу 27-те земји од ЕУ најмногу би требало да расте Полска, додека Британија има потенцијал на опаѓање за време на транзациониот резултат од Брегзит, за потоа да расте со поголем просек отколку ЕУ27 во целина.

Денешните развиени економии и натаму ќе имаат просечен приход по глава на жител и подобар стандард, но новите економии до 2050-та би требало значително да напредуваат во намалувањето на недостатокот.

„Тоа ќе отвори одлични можности за компаниите кои се подготвени долгорочно да вложуваат и на тие пазари“, истакнуваат од „PwC“, предупредувајќи притоа како тоа „ќе бара трпение со цел да се пребродат бурите на кои бевме сведоци во последно време во економиите, како што се Бразил, Нигерија и Турција“.

tron 30058

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП