10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонскиот филм „Златна петорка“ на фестивал во Индија

Македонскиот филм „Златна петорка“ на фестивал во Индија

zlatna-petorka

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, а во продукција на Револушн, од 4 до 9 февруари се прикажува на фестивал во индискиот град Бангалор.

„Златна петорка“ е единствен македонски филм кој е влезен во селекцијата на овој голем индиски фестивал кој се одржува во шестмилионскиот град Бангалор.

Филмот е вброен во категоријата „Кино на светот“ и од Балканот, се прикажуваат и филмовите на Емир Кустурица, Рајко Грлиќ и Лазар Ристовски. Инаку, ова е учество на 5-ти меѓународен фестивал на кој учествува филмот.

Во следниот период филмот ќе се прикажува и во Русија, САД, Германија, Франција и во други држави, а до крајот на годината се очекува да биде прикажан на сите континенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП