28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНа пилешкото месо се почесто се појавуваат овие бели линии: Еве како...

На пилешкото месо се почесто се појавуваат овие бели линии: Еве како да ги препознаете и што значат тие

breast_boneless

Дали сте ги забележале белите линии кои се почесто се појавуваат на пилешкото месо?

Се повеќе експерти предупредуваат за оваа појава, која всушност претставува пореметување на тонусот на мускулите кај живината. Имено, според резултатите од една студија објавена во италијанскиот научен магазин „Journal of Animal Science”, во современото пилешко месо процентот на масти е зголемен за 224 проценти, додека процентот на протеини е значително намален. А сето тоа било откриено токму благодарение на зачестената појава на бели линии на пилешкото месо.

Сигурно и вие сте имале можност да ги видите овие линии на месото кое го купувате, но прашање е дали сте посветиле некое внимание на тоа. А експертите предупредуваат дека тие линии во текот на последните години се се позастапени. Поточно, тестирани се 285 птици при што кај 96 проценти од нив се пронајдени токму такви бели линии. Тие драстично го намалуваат квалитетот на месото, велат експертите, и тоа воопшто не е добра вест, со оглед на фактот дека поголемиот дел од луѓето ширум светот најчесто консумираат токму пилешко месо.

133989_meso_630x0

За што точно се работи?

Се работи за последица од заштедите кои се прават при производството, бидејќи производителите даваат се од себе за да добијат колку што е можно поголемо пиле, за колку што е можно пократок временски период. Во 50-те години на минатиот век просечна кокошка тежела околу килограм и 300 грама, и била стара околу 70 дена. Денес, пилешкото кое го купуваме е старо околу 47 дена, а тежи околу 3 килограми.

Меѓутоа, и покрај овие загрижувачки податоци, портпаролот на Националниот совет за пилешко месо во САД тврди дека овие бели линии се појавуваат на „мал процент од пилешкото месо и како такви не претставуваат закана за човечкото здравје”.

Со овој став се согласува и Џеклин Лондон, нутриционистка која тврди дека пилешкото месо  и понатаму е најдобариот избор кога станува збор за месото.

– Се додека не го похувате и не го комбинирате со јаглени хидрати, пилешкото месо е совршен извор на протеини, а освен тоа поседува и витамин Б, железо и витамин Б12, советува оваа нутриционистка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП