9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГрашокот ги чува коските и срцето, а го отстранува и заморот

Грашокот ги чува коските и срцето, а го отстранува и заморот

Grasak-foto-1

На лицата кои често чувствуваат замор грашокот би требало да им биде примарна намирница, бидејќи неговите состојки ја одржуваат енергијата во внатрешноста на организмот, па со самото тоа ја враќаат и виталноста.

Постојано сте уморни, не успевате да се фокусирате на работата? Консумирајте грашок и ќе ви биде подобро. Оваа мешунка е богата со хранливи состојки и во исхраната би требло да ја вклучат сите.

Лицата кои често чувствуваат замор треба почесто да консумираат грашок, бидејќи неговите состојки ќе им ја вратат енергијата во целост.

Тој помага во зачувување на здравјето и изобилува со витамини, минерали, влакна и другите корисни состојки кои ги поседува. Познато е дека изобилува со железо, а исто така е исклучителен извор на витамин К, помага во минерализацијата на коските, го чува срцето и кардиоваскуларниот систем. Овој витамин го активира остеокалцинот кој помага во вградувањето на калциумот во коските, а истовремено се одразува и на нормалната густина на крвта.

Освен тоа, како добар извор на фолна киселина и витаминот Б6, грашокот спречува наталожување на хомоцистеин, состојка која го нарушува врзувањето на колагенот во коските, што може да предизвика остеопороза, а во добра мера придонесува и за појава на атеросклероза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП