4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватската млечна индустрија подготвена за ЕУ, нема да дозволи поскапувања на нејзините...

Хрватската млечна индустрија подготвена за ЕУ, нема да дозволи поскапувања на нејзините производи во Македонија

dukat-vitamin-d-asortiman

По 1 јули годинава, со влезот на Хрватска во Европската унија, се очекуваат промени на цените на хрватските производи на македонскиот пазар. Земјата досега тргуваше согласно ЦЕФТА договорите, без давачки, но членството во ЕУ ќе наметне царини и други, дополнителни оптоварувања.

Компаниите веќе неколку години се подготвуваат за претстојните промени. Од млечната индустрија прават стратегии, размислуваат како да останат конкурентни, да не ги поскапат производите.

– Една од опциите е да го реструктуираме производството, дел да префрлиме во БиХ или Србија. Во комбинација е и Македонија каде ќе се користат некои од тамошните капацитети. Практично, ќе се бара начин производите да не бидат оптоварени со дополнителни трошоци за извоз, вели Горан Нидигон, директор во „Дукат“.

Маркетинг директорот Марио Блајиќ смета дека евентуалниот раст на цените би бил повеќе резултат на поскапувањата на суровините. Во секој случај, нагласува, подготвени се за секаков предизвик.

Неодамнешната афера со афлатоксините сериозно ја разниша довербата кај потрошувачите. Сепак, тоа не го намали и обемот на производство. Се делуваше интервентно, со преземање брзи, ефикасни мерки.

-Акцентот беше ставен на воведувањето двојни контроли зашто нашата примарна цел е и останува здрав, безбедно исправен производ, истакнува Нидигон.

Производите на „Дукат“ во Македонија две недели беа повлечени од малопродажба, но набрзо се вратија на рафтовите. Како што вели Кристина Панајотовиќ Ристовски, менаџер на фирмата за Македонија, се уште е рано да се зборува за какви било проценки на побарувачката.

Случувањата со афлатоксините предизвикаа криза во производството. Хрватските фармери се жалат на високите цени на репроматеријалите, на ниската откупна цена на млекото и на нередовната исплата на државната помош. Излез од состојбата гледаат во склучувањата договори со големите компании како „Дукат“. Откупната цена зависи од квалитетот на млекото кое во просек содржи 4,1 процент масти и 3,38 отсто протеини. Огромни средства се вложуваат во капацитетите, но и во што поголема продуктивност на кравите. Продуктивноста по грло годишно достигнува 8.000 литри што е четири пати повеќе од продуктивноста на кравите во поранешна Југославија. Македонското млеко, вели Нидигон, има поголема масленост, но помал процент протеини. Значително е помала и продукцијата по грло на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП