13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИгрите и ракотворбите го штитат мозокот од стареење

Игрите и ракотворбите го штитат мозокот од стареење

59025694588fadeee3b4f874097565_v4 big

Едноставните активности како играње карти, дружење и сурфање на интернет можат да го одложат падот на менталните капацитети по 70-тата година, вели заклучокот од една студија објавена денес во магазинот “JAMA Neurology”.

Студијата не се занимавала со скапите компјутерски игри кои на мозокот би можеле да му помогнат да ја задржи острината.

Наместо тоа, истражувањето било насочено кон активности до кои пристап имаат многу повозрасните лица: компјутер, изработка на ракотворби, друштвени игри, одење на кино и други видови на дружење.

Според резултатите на студијата, овие активности помагаат во спречувањето на благите когнитивни оштетувања на мозокот, кои вклучуваат проблеми со помнењето, размислувањето и вниманието.

Иако не влијае премногу на секојдневниот живот, тоа ги зголемува ризиците од Алцхајмерова болест и деменција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП