4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДевизни резерви: Колку пари чува Народната Банка?

Девизни резерви: Колку пари чува Народната Банка?

nk teks1

Народната Банка (НБРМ) чува 2 милијарди 613 милиони и 430 илјади евра. Девизните резерви пораснале за 351.5 милиони евра за една година, пред се како резултат на задолжувањето со последната Евро обврзница.

Според последните податоци заклучно со 31.12.2016 НБРМ располагала со 2 милијарди и 101 милион евра во хартии од вредност, 264 милиони како валути и депозити, 243 милиони како монетарно злато. Заедно со останатите помали позиции вкупната вредност на депозитите е нешто над 2.6 милијарди евра.
Во првата половина од минатата година резервите имаа тенденција на намалување пред се поради интервенциите што ги правеше НБРМ за да ја стабилизира побарувачката на девизи.

Трендот се промени во зголемување во втората половина од годината односно откако беше издадена Евро обврзницата на сума од 450 милиони евра во јули. Според официјалните податоци на НБРМ рекордно ниво е постигнато во октомври кога девизните резерви достигнаа 2 милијарди и 729 милиони евра.

nk teks2

Монетарната власт објаснува дека растот во последните неколку месеци се должи на интервенциите со откуп на девизи.

„Ова упатува на поволни платно билансни текови. Девизните резерви се повисоки во текот на целата 2016 година, со најизразен ефект врз нивниот раст од трансакциите на државата и девизните депозити на банките кај НБРМ. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона“ е последниот заклучок на Комитетот за оперативна монетарна политика при НБРМ.

Девизните резерви освен во евра и американски долари се чуваат и во австралиски и канадски долари, како и во норвешки и шведски круни. Оваа практика стана поизразена пред неколку години откако се засили кризата во Евро зоната.

nk teks3

Инаку девизните резерви ја гарантираат вредноста на денарот. И стојат на располагање на Народната Банка за регулирање на нерамнотежите во платниот биланс и на девизниот пазар.

Токму тоа и се случи во периодот март – јуни минатата година кога поради шпекулациите за наводна девалвација почна засилено повелување на депозитите од банките и претворање на денарите во евра. Тогаш НБРМ директно интервенираше на девизниот пазар, но воведе и низа други мерки кои до крајот на годината беа повторно релаксирани откако се стабилизираше девизниот пазар.

Гледано по години, во 2016-та девизните резерви пораснаа за 351 милион евра (издадена Евро обврзница), во 2015-та се намалија за 231 милион (отплата на доспеани кредити), во 2014-та се зголемија за рекордни 484 милиони евра (издадена Евро обврзница).

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП