26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина британскиот актер Горден Кеј – Рене од култната серија „Ало, Ало“

Почина британскиот актер Горден Кеј – Рене од култната серија „Ало, Ало“

Gordon-Kaye

Британскиот театарски и телевизиски актер Горден Фицџералд Кеј, најпозната по улогата во долгогодишната хумористична телевизиска серија „Ало, Ало“, почина во 75-та година од животот, објави во понеделникот BBC.

Поранешната агенција која го застапуваше Кеј потврдила за BBC News, дека актерот починал во понеделникот утрото во дом за стари и немоќни лица.
Роден во Хадерсфилд, Кеј во својата автобиографија откри дека необичното пишување на неговото име потекнува од грешка во пишувањето која ја направил синдикатот на актерите Equity, а потоа тој одлучил да го задржи.

Кеј го толкуваше ликот на сопствениот на пансионот Рене Артоа во оваа популарна серија која се занимаваше со измислени бизарни доживувања на француското движење на отпорот во Втората светска војна под окупација на нацистичка Германија.

Тој се појави во сите 84 епизоди од оваа телевизиска комедија, како и во театарската претстава, која е и всушност основа за серијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП