19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Ефектите на климатските промени врз економијата

График на денот: Ефектите на климатските промени врз економијата

grafki39393

Екстремните високи температури се исклучително лоши за економијата. Реколтите се уништуваат. Луѓето работат помалку и не се толку продуктивни, пишува уредникот Дејвид Ротман за „MIT Technology Review“.

Затоа зголемувањето на бројот на исклучително топли денови е една од најпознатите загрижувачките перспективи пред климатските промени. За да се предвиди какви може да се штетите или придобивките за различни земји, тим од научници од Универзитетот Стенфорд и Калифорнискиот универзитет Беркли разгледале низ историските архиви, за да проучат како температурата влијае на клучните аспекти од економијата. Откако ги користеле овие податоци за да проценат дали различни земји ќе се справат добро со затоплувањето на планета, заклучоците не им се воопшто оптимистички.

Се очекува средните годишни примања да бидат за 23% пониски до крајот на векот, отколку ако немаше климатски промени. Ефектите на еден погоре свет нема да бидат распределени рамномерно, а некои од нордиските земји, вклучувајќи ја Русија и дел од Европа ќе имаат придобивки од зголемените температури.

Нерамномерното влијание на затоплувањето „може да значи големо преструктуирање на глобалната економија“, вели Соломон Ксиан, професор во „Goldman School of Public Policy“ во Беркли и еден од научниците кои темелно го имаат документирано историското влијание на температурата. Дури до 2050-та година промената во економските судбини на земјите е преголема.

 

Бидејќи посиромашните земји, вклучувајќи ги и оние во Јужна Америка и Африка, веќе е многу потопло отколку што е идеалната температура за економски раст, а последиците од затоплувањето ќе бидат особено штетни. Просечните приходи за најсиромашните 60% од луѓето во светот до крајот на векот ќе бидат за 70% пониски, отколку ако климата не се менуваше, заклучуваат Ксиан и коавторите на извештајот. Резултатот од затоплувањето, вели тој, „ќе биде огромен распределувајќи го богатството од сиромашните кон богатите на глобално ниво”.

Потоплото време е само еден од ефектите на климатските промени. Промените кај врнежите и зголемувањето на тешките временски услови – како ураганите пример, се уште еден дел од ефектите. Анализирајќи ги само температурите, Ксиан и неговите колеги имаат предвидено поточни проценки за тоа како климатските  промени да влијаат на економијата. Излегува, вели Сиан, дека температурата има изненадувачки последователен ефект врз различни економски индикатори: понудата на работна сила, продуктивноста на трудот и жетвата, ако се има во предвид сериозниот пад меѓу 20 и 30 степени Целзиусови.

„Без разлика дали станува збор за жетвата, или луѓето, топлите денови се одразуваат лошо“, вели тој. „Дури и во најбогатите и повеќето технолошки развиените земји во светот ќе видите негативните ефекти“, вели тој. Ксиан се повикува на податоци кои покажуваат дека еден ден со температура од над 30 степени во просек регион на САД чини секој граѓанин по 20 долари нереализирани приходи. “Ова се вистински пари”, заклучува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП