Словенија на 1-ви јануари ќе одбележи десет години од воведувањето на еврото. Тоа на граѓаните и економијата имаше повеќе позитивно влијание, отколку негативно.
Како што објави државниот Завод за статистика, трошоците за живот во тој период се зголемени за 20,2 oтсто, една третина од просечниот пораст на инфлацијата во еврозоната, но и значително пораснаа и просечните плати, речиси за 30 проценти.
Кога словенија на 1-ви јануари 2007-ма година го воведе еврото и го замени тогашниот толар во готовинското плаќање и финансиските трансакции, а ЕЦБ го наполни трезорот со две милијарди евра готовина, просечната месечна плата за цело работно време изнесуваше само 810 евра, а денеска е нешто над 1000 евра.
Според статистиката, натпросечно пораснаа цените на услугите, па „поради еврото“ едно кафе во кафуле беше поскапо за речиси 48 отсто, а пивото и фризерските услуги за 42 проценти.
За просечна плата пред воведувањето на еврото во кафуле можеше да се добие 950 кафиња, а сега околу 840, но и доста артикли поевтинија, што се однесува на храната, додека цените на недвижности и услуги од воведувањето на еврото повеќето бележеа раст.
Словенија ја воведе европската валута откако исполни 4 мастришки критериуми, па така стана 13-та земја од Европската монетарна унија. Беше првата од државите која го стори тоа меѓу членките од ЕУ по 2004-та година.
Се проценува дека за тоа помогнала интернационализацијата на економијата, затоа што беа олеснети финансиските трансакции со повеќето држави во кои извезуваат словенечките компании, иако на почетокот имаше негодување дека поради еврото повеќе не можат да сметаат на стимулативната курсна политика со кој владата претходно го поттикнуваше извозот.
Eврото значително имаше влијание и на бонитетот на Словенија, нејзините компании и финансиски инситиуции. Кредитниот рејтинг на земјата забележа раст на ниво кое и овозоможи многу ниски камати, но и можеби претерано задолжување, што го промени текот со настапувањето на глобалната финансиска криза, а особено на кризата во еврозоната. Тогаш словенечкиот кредитен рејтинг беше намален за четири пати и почна да се стабилизира дури по финансиската инекција од страна на државата за проблематичните банки кон крајот на 2013-та година, а беа превземени и мерки за намалување на јавниот долг во БДП-то поради стабилизација на јавните финансии.