8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу рекламации за изгубени поштенски пратки

Најмногу рекламации за изгубени поштенски пратки

posti-press-696x454

На македонскиот поштенски пазар најмногу рекламации лани се поднесени за изгубени поштенски пратки, на што отпаѓаат 93 отсто од вкупниот број рекламации, а повеќето од позитивно решените се за препорачани пратки, информира на денешната јавна седница на Агенцијата за пошти (АП) директорот Влатко Атанасовски.

Повеќе од 88 отсто од испитаниците рекле дека никогаш не поднеле рекламација за квалитетот на услугите до Агенцијата за пошта како регулаторно тело, а на речиси пет отсто од испитаниците воопшто не им се јасни или познати постапките за рекламација.

Истражувањето на Агенцијата за задоволството на корисниците од поштенските услуги покажало исклучително ниско ниво во однос на поштенските услуги за индивидуалните корисници.

„Над 80 проценти укажаа на фактот дека очекуваат оти интернетот и комуникацијата преку дигиталните форми кои ги нуди развојот на технологијата имаат потенцијал во целост да ги заменат поштенските услуги“, рече Атанасовски, потенцирајќи дека поштенските услуги само ќе ја менуваат формата и видот, но нема да биде доведено во прашање нивното постоење.

Како што истакна Атанасоски, од вкупните поштенски услуги кои ги користеле испитаниците 65 проценти отпаѓаат на бизнис кореспонеденцијата и испораката на пакети, а поради легислативните бариери 86 отсто од поштенската комункација била на домашниот пазар.

Според податоците на Агенцијата за пошти, вкупниот обем на поштенски сообраќај во 2015 година е намален за над два милиона пратки во однос на 2014 година. Обичните писма учествуваат со над 87 отсто кај Македонска пошта.

Директорот на Агенцијата за пошти укажа и дека преку државна интервенција несвесно се задушува доставата на стоки и пакети кои се предмет на он­лајн трговија, единствениот сегмент за кој, како што потенцира, има консензус дека е темел за идниот развој на поштенските услуги.

„Останувајќи инертни на нашата иницијатива за подигнување на нивото за бесцарински увоз на стоки за лична употреба од страна на граѓаните кои се купени он­лајн, а доставени по поштенски пат од 45 на 150 евра, надлежните државни органи и нивните политики директно придонесуваат за ограничувањето на развојот на поштенскиот пазар и тоа во сегментот кој е утврден за двигател на целокупниот прогрес на поштите во иднина“, рече Атанасовски.

Во пазарниот сегмент за достава на пакети, како што информира, исто така во континуитет постои опаѓачки тренд во однос на вкупниот број пакети. Во 2015 година Македонски пошти оствариле обем од 109.300 пакетски достави, а тој број во 2010 година изнесувал над 210.000. Опаѓање има и кај поштенските пратки по глава на жител, кај кои лани просекот изнесувал 22,7 пратки, а во 2010 година бил над 30 пратки по глава на жител.

Вкупните приходи од поштенските услуги лани изнесувале 2.033.717.836 денари, или 0,36 проценти од вкупниот остварен БДП во 2014 година. Вкупниот приход кај сите даватели на поштенски услуги во 2015 во однос на 2014 е намален за 7,9 проценти.

Поштенските работници учествуваат со 0,36 проценти во вкупниот број вработени во Македонија. Просечната бруто плата во овој сектор исплатена во октомври годинава изнесува 31.784 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП