17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на скулптури во Прилеп

Изложба на скулптури во Прилеп

mile-brceski333

Изложбата на скулптури од двајцата македонски уметници Валентина К. Стевановска и Миле Брцески ќе биде отворена во петок, во 19 часот во галеријата „Борко Лазески“, при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

За делата од Валентина К. Стевановска, проф. д-р Џемил Бектовиќ пишува: „Забележителните промени во физиономијата и визуелниот изглед на главниот град на Р. Македонија започна со големата урбана, архитектонска и скулптурална реконструкција низ проектот „Скопје 2014“. Валентина Каренфилова Стевановска низ овој проект се профилира како еден од основните столбови на скулпторските промени и решенија кои следеа во проектот. Во тој контекст на реализација се издвојува нејзиното решение за изработка на најдоминантниот споменик заедно со фонтана, посветен на Александар Македонски“.

За делата на Миле Брцески пак, Елена Талимџиоска пишува: „Уметноста не е ни вистина ни невистина, ни мудрост ни лудост,таа не е ни мисла ни систем. Таа е пред се силно доживување кое делува со емоција на емоциите и во тоа е нејзината посебност и предност. Овие уметнички вредности пред се наоѓаат свој автентичен скулпторски израз и појава во делата на уметникот Миле Брцески.Изложбата која носи наслов „Компаративна игра“, е во директна корелација со неговата претходна изложба Момент на комуникација во која се дадени заклучоци и судови на прикажаните состојби преку скулптурата како тридимензионален уметнички медиум“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП