13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на заедничката поетска збирка „Метрички карван“

Промоција на заедничката поетска збирка „Метрички карван“

metricki

Промоција на третото издание на „Метрички карван“, заедничка поетска збирка на вкупно 21 поет од Гевгелија и Велес во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, ќе се одржи во петок, во 19.30 часот во хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

По „Метрички карван: Гевгелија – Кавадарци“ (2014) и „Метрички карван: Гевгелија – Струмица“ (2015), ова е трета во низата збирки кои имаат за цел комуникација и вмрежување на современите поети од Гевгелија со оние од другите градови.

Во пресекот од страната на Гевгелија се застапени поетите: Васил Тоциновски, Лилјана Пецова Илиевска, Венци Трајков, Жаклина Атанасова, Илија Карајанов, Олгица Ќурчиева, Стефан Марковски, Стефчо Стефанов, Томе Таушанов и Илија Џаџев, додека пак, од велешка страна се застапени: Катица Ќулавкова, Павлина Климкар – Меанџиева, Димитри Соле – Љубин, Лила Арсова, Мане Манушев, Никола Алтиев, Игор Крајчев, Веле Алексоски, Нада Алексоска, Соња Гаврилова и Игор Чоков.

Збирката ќе ја промовира професорот на Филозофскиот факултет и поет, Иван Џепароски.

„Карванот како метафора за движењето и за доближувањето на различните простори, се чини, најдобро ја епитомизира оваа идеја за надминувања на растојанијата. На тој начин Гевгелија и Велес стануваат блиски, како што стануваат блиски и далеку подалечните простори. Тоа уште во првата половина на минатиот век со својата хуманистичка и космополитска поезија го утврди и основоположникот на македонската современа поезија велешанецот Кочо Рацин кога пееше: куќа цел свет братски ми е“, пишува во рецензијата, Џепароски.

Уредници на изданието се Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров, а графичкото обликување е дело на Оливера Томиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП