6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Просветно дело“ со нови детски изданија пред Нова година

„Просветно дело“ со нови детски изданија пред Нова година

pdelo-22

Издавачката куќа Просветно дело презентираше дека деновиве од печат излегоа неколку ексклузивни наслови за деца, како сликовниците „Малиот доктор“, „Малиот полицаец“, „Први зборови“, „Не плаши се од докторот“, „Јас зборувам англиски“ и „Речник со моите први 150 англиски зборови“.

Овие звучни едукативни изданија им овозможуваат на децата да учат самостојно и низ игра. Со помош на звучен термометар, стетоскоп или семафор, го осознаваат своето тело и сообраќајот, а со звучните прозорчиња, светот околу себе или првите англиски зборови и фрази.

Најновите трендови во издаваштвото за деца овозможуваат интеракција, едукација и забава. Технологиите на печатење се во чекор со актуелниот технолошки развој и новите генерации читатели, па се создаваат извонредно концепирани модерни енциклопедии за деца со кои учењето е вистинска авантура.

Уредувачкиот тим во Просветно дело продолжува да ги следи трендовите кога станува збор за литературата за деца овозможувајќи им на најмалите да бидат во чекор со светот. Во таа смисла, во почетокот на 2017 год. оваа издавачка куќа подготвува уште многу интерактивни звучни и 3Д изданија кои и` се обраќаат на новата генерација деца која ужива додека учи и чита, да осознава, допира, создава и си игра.

„За нас како издавачи главен предизвик е да ги поместуваме границите на детската фантазија. Со нашите изданија децата можат да влезат во светот на диносаурусите, да решаваат мистерии со невидливо мастило, да станат доктори, полицајци, принцези… Овие нови концепти на читање и учење низ игра го поттикнуваат интересот за книгите од најмала возраст – нешто што е наша главна мисија. Почнувајќи од Паметните таблети, преку Звучната азбука, па се ` до актуелниве наслови, оформивме едиција звучни изданија кои бележат рекордна продажба“, вели ПР менаџерот на Просветно дело – Татјана Димовска – Атанасова.

Новини кога станува збор за Просветно дело се отворањето на новата книжарница на улицата „Македонија“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза) и најавата за објавувањето на најамбициозниот водич за зачувување и унапредување на здравјето од нашата најдобра нутриционистка – Тања Турунџиева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП