26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкстремна загаденост на воздухот, ќе се преземат ли конкретни чекори?

Екстремна загаденост на воздухот, ќе се преземат ли конкретни чекори?

sk

Периодов сме сведоци на енормно загадување на Скопје и останатите градови во Македонија. Загаденоста достигнува и до 20 пати над дозволеното.

Според мерните станици на  Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија вчера во Лисиче и Ректорат се измерени скоро 1000 ПМ10 честички во воздухот, Гази Баба над 800, Карпош 560, Центар над 400.

И во другите градови не беше ништо подобро каде во Битола беа измерени над 500 ПМ10, Тетово 450, Кавадарци 550, Кичево скоро 400.

vozduh

Од каде потекнува оваа енормна загаденост на воздухот? 

Најголемото загадување со ПМ10 честички во воздухот во Скопје потекнува од загревањето на домаќинствата…Според Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопскиот плански регион што го изработија Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, загадувањето од загревање на домовите е 32%, потоа следуваат сообраќајот со 20%, прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности – 19%, индустријата – 18%, сулфатните соли – 7%, нитратните соли – 2%, и прекуграничниот пренос на загадувачки супстанции – 2%.

Но дали се само овие загадувачи? 

Во јавноста се појавија информации за спорното работење на депонијата Дрисла, односно концесионерот од Италија-ФЦЛ Амбиенте која увезува и преработува отпад. Според едногодишното истражување на БИРН покажало дека компанијата не вложила ниту еден денар и дека има сомнителни работи поврзани со неа. Голем дел од јавноста се запрашува зошто воопшто увезуваме отпад и каков е тој отпад штом ги покрива транспортните трошоци и прави профит? Целата сторија на БИРН можете да ја погледнете тука.

Градот Скопје најави активности за намалување на загаденоста

За 2017 година предвидени се повеќе од четири милиони евра за конкретни мерки и активности кои ќе придонесат кон намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје. Градот Скопје следната година планира да подигне нови зелени површини и да посади нови дрвја, во вредност од околу 80 милиони денари, за изработка и реализација на програми, планови и стратегии, планирани се 10 милиони денари, за субвенции на граѓани за набавка на печки на пелети 10 милиони денари, за извршување разни мерења и изработка за б-интегрирани дозволи – милион денари. Во буџетот на Град Скопје за 2017 година, предвидени се околу 152 милиони денари или 2,5 милиони евра за субвенции и финансиска поддршка за организиран превоз и користење на јавниот превоз на ученици, студенти, повозрасни лица и лица со посебни потреби. Како една од мерките кои ќе се спроведат во иднина е и набавката на 50 електрични автобуси, каде цената на еден ваков автобус се движи од 300.000 до 500.000 евра и нивната набавка ќе чини од 15 до 25 милиони евра.

Но дали се ова конкретни мерки? Дали овие мерки на градот Скопје воопшто ќе го намалат загадувањето? Дали е подобро итна гасификација? Дали е подобро рестрикција на автомобилските движења на парни и непарни? И дали треба загадувањето да се стави како државен проблем број 1?

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП