8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на публикација „Британски уметници од колекцијата на Остен“

Промоција на публикација „Британски уметници од колекцијата на Остен“

damien-hirst-lsd-fill-image-696x585

Публикацијата „Британски уметници од колекцијата на Остен“, која е резултат на соработката меѓу Британски совет, Галеријата Остен и делегацијата на Европската унија во Скопје, ќе биде промовирана во денес, со почеток во 12 часот во Британскиот совет.

Воедно, промоцијата ќе биде збогатена со изложба на одбрани дела од оваа колекција на галеријата Остен.

На промоцијата на публикацијата ќе се обратат Елеонора Запрова, директорка на Британски совет во Македонија и Корнелија Конеска, Извршна директорка на ОСТЕН. Повод за оваа соработка е годишнината на Британски совет во Македонија, кој во текот на 2016 година одбележа 20 години од својата работа во Македонија. Воедно, Галеријата Остен го одбележува Остен Биеналето на цртеж Скопје 2016. Соработката е поддржана и од Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Промоцијата на публикацијата ќе биде збогатена со мини изложба на британски автори, вклучувајќи ги Мур, Хрст, Хамилтон, Хаџи-Василева (кои се дел од публикацијата) и Лангтон и Бенскин-Мешер (кои се дел од Биеналето на цртеж Скопје 2016).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП