5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија активно бара работници од Балканот!

Германија активно бара работници од Балканот!

fahne-8-personen

Западен Балкан е еден од главните региони со кои комуницира Центарот за посредување на странска работна сила во Германија, наведува „Дојче Веле“.

Ова го опишува Виртуелниот центар за добродојде на германската Централна агенција за посредување на странски работници и експерти (ZAV) во Бон, како класичен кол-центар каде на масите, одвоени со паравани седат мажи и жени, на главите имаат слушалки со микрофони, а пред нив компјутери. На германски и англиски, по потреба и на романски, албански и дргуи јазици, се реализира телефонското советување.

Оваа година во тој центар биле остварени над 175.000 повици од најразлични земји.

Се наведува дека телефонската централа е само едно од местата каде е активен „ZAV“ кој работи во состав на германската Сојузна агенција за работа. Преку електронска пошта има пристигнато 32.200 прашања, а 4.000 луѓе го контактирале Центарот со помош на интернет порталот, во вид на пишани конверзации кои се остваруваат во реално време.

„Дојче Веле“ наведува дека Германија сега активно бара квалификувани работници во рамките на Европската унија, но и надвор од неа. Бараниот регион е Западен балкан, потоа следи северна Африка, но и некои подалечни држави како што е Мексико.

„Особено се бараат инженери, на пример во машиноградбата, но и компјутерски експерти“, вели Карстен Клајн, претставник на „ZAV“.

Покрај тоа, голема е и побарувачката за негувателки и медицински персонал.

„Постојат и професии кои се дефицитарни само во одредени региони на Германија, каде се потребни, на пример, возачи или организатори во шпедиција“, наведува Клајн.

Покрај соодветните квалификации, кои мораат да бидат поткрепени со документи, друга голема пречка на патот кон вработувањето во Германија е јазикот. Нивото на познавање се бара во зависност од конкретната професија.

„Во „IT“ секторот познавањето англиски е решавачко, но во областите на негата, како и во хотелиерството или угостителството, каде е важен директниот контакт со клиентите и пациентите, кандидатите мораат да зборуваат доволно добро германски за да можат добро да се разберат“, објаснува Клајн кој додава дека странските работници мораат да разбираат што посакува гостинот и да бидат во состојба да читаат германски текстови и да пишуваат на германски.

Клајн го отфрла приговорот дека Германија со своите активности потпомага за „одлив на мозоци“.

„Генерално за нас и другите европски земји важи дека не даваме предност на едностран пат, туку им даваме можност на луѓето во Германија стручно да се ориентираат, да се доквалификуваат, и тогаш со ново и добро искуство да се вратат на домашниот пазар“, тврди Клајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП