5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочна шестото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“

Започна шестото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“

cover_animax_16-696x258

Со филмот на македонскиот уметник Ацо Станковски „Акт“ започна шестото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Акт е анимиран филм во кој на еден поетски начин се претставува една од најприсутните теми во историјата на ликовната уметност – претставата на голото телo – непресушна инспирација за многу значајни творци.

На отворањето публиката можеше да проследи проекција на 11 краткометражни анимирани филмови од официјалната конкуренција кои се борат за наградите Златна, Сребрена и Бронзена Тула.

Првиот фестивалски ден започна со проекции на анимирани филмови за деца синхронизирани на македонски јазик, како и две работилници наменети за најмладата публика: работилницата за стоп анимација со пластелин под менторство на аниматорката Дариа Копиец од Полска и стрип работилницата Мак-стрип под менторство на македонските стрипаџии Здравко Гиров и Давор Драмиќанин.

Вториот фестивалски ден ќе продолжи со проекции на анимирани филмови за деца во утринските часови, работилница за стоп анимација за деца, како и со работилница со канадскиот автор Николас Бролт, кој на македонската јавност ќе ја претстави својата оригинална техника на анимирање со леење на шеќер. Официјалната програма на анимирани филмови започнува во 20.00 часот.

Во наредните денови следуваат проекции на филмови, дискусии, работилници, промоција на книга и други настани поврзани со анимацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП