5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаков е потенцијалот за развој на отворените фондови во Европа?

Каков е потенцијалот за развој на отворените фондови во Европа?

imotipazar333

Пазарот на отворени фондови за инвестиции во недвижности во Европа продолжува да зема замав, пишува во својата анализа интернет изданието „ipe.com“. Очекувањата се во долг рок пазарот да продолжи да расте значително.

Секторот постои околу 10 години, доживеа и тешка криза и покрај проблемите се смета дека и во Европа може да постојат исто толку разновидни отворени инвестициски фондови, како и во САД, наведува весникот. Претпоставувајќи дека тоа е само прашање на време кога ќе се случи, потенцијалот за раст е огромен.

Кон крајот на септември отворените фондови за инвестиции во недвижности во САД управуваат со средства од 166 милијарди долари (153 милијарди евра), според секторскиот индекс „ODCE“. Европскиот еквивалент сочинува 61% од „IPD Pan-Europe Property Funds index“ на „MSCI“, а средствата под управување се проценуваат на 9,52 милијарди евра кон крајот на јуни, посочува весникот.

Во теорија европскиот пазар може да се прошири повеќе и од американскиот. Сите пазари на недвижности во Европа заедно сочинуваат поголем пазар, отколку што е САД. Може да се каже дека, сепак, збирот од карактеристични национални пазари во Европа, често со различни валути и регулаторни режими, бара и поголем збир на средства за да се постигне ефикасна диверзификација.

Ова несовпаѓање е уште видливо во азиско-пацифичкиот регион, каде отворените фондови исто стекнуваат брзина. Секторот во регионот е помлад и од европскиот, но имајќи ги предвид пазарите во Јапонија и Кина, фондовите исто така имаат потенцијал за силен раст.

Зошто сепак секторот тргна нагло нагоре токму сега, посочува весникот. Одговорот е едноставен: инвеститорите очајно бараат извор на принос. Добар пример за тоа е најголемата приватна осигурителна компанија во Данска – „PFA Pension“, која во моментов е клучен инвеститор во два паневропски отворени фондови со фокус на пазарите во Европа и азиско-пацифичкиот регион.

„Cromwell“ – австралискиот јавен фонд за имот, кој во 2015-та година го купи „Valad Europe“, е еден од последните играчи кои влегоа на пазарот. Дури и новодојденците очекуваат наскоро фондовите да достигнат неколку милијарди евра.

Аналитичарите наведуваат дека зголемената конкуренција за моментот носи само добро, бидејќи за европскиот пазар е важно да натрупа критична маса. Бројот на фондовите во моментов е добар, но тие имаат потреба да се прошируваат по големина и да го подобрат својот фокус.

Логично е секторот на отворените фондови да доведе до раст и на глобалните платформи во позадина на растечките критики кон нив. Стравувањата се засилија по кризата на пазарот во Велика Британија поради гласањето за „Brexit“. Некои од овие фондови кои затворија за кратко, сепак веќе повторно привлекуваат инвестиции, што го поставува прашањето колку сомнежите за индустријата се легитимни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП