27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја затегнува контролата на инвестициите во странство

Кина ја затегнува контролата на инвестициите во странство

kinbanka222

Кинеската влада зема мерки на национално ниво против директните инвестиции во странство, пишува „CNBC“, повикувајќи се на Државната администрација за девизи (State Administration of Foreign Exchange – SAFE). Канцеларијата ја објави официјално иницијативата, откако имаше гласини дека регулаторите имаат воведено своевиден „таван“ од 5 милиони долари за целиот одлив на капитал од земјата.

„„SAFE“ секогаш ги поддржува најспособните и квалификуваните компани кои ги прават автентични и легитимни странските директни инвестиции. Тие треба да имаат автентични и легални трговски основи и да бидат регистрирани според правилата на институциите. „SAFE“ ќе соработува со други директорати одговорни за странските инвестиции, за да ја одржува контролата над автентичноста и законитоста, да се бори против нелегалните практики и да го поттикнува развојот на квалитетни и редовни инвестиции“, пишува во соопштението на Администрацијата.

Пред официјалното соопштение се тврдеше дека Народната банка спровела средби со Администрацијата за валутната размена, за да размислат за построги и поефикасни мерки за спречување на одливот на капитал.

Според внатрешен документ на централната банка од јануари до октомври оваа година вкупно 2 илјади милијарди јуани (290 милијарди долари) ги напуштиле границите на Кина и нема индикации дека сумата ќе се намалува. Се тврди дека на своите средби регулаторите се изјасниле за индивидуални случаи на поединци и компании кои користат сметки на компании во Шангајската зона за слободна трговија, за да ги префрлуваат средствата во странство.

Според протоколот од средбата со кој „CNBC“ разполага, веќе ќе има нови барања. Филијалата на компании, компании со капитал помал од оној на нивните подружници, и компании кои се новосоздадени, но веќе побарале да прават странски инвестции, ќе треба да дадат детали за своите акционери и партнери, за изворите на финансирање и за автентичноста на странскиот проект во кој сакаат да инвестираат. Ако не успеат да ги обезбедат овие информации, нема да им се дозволи да инвестираат во странство.

Централната банка и „SAFE“ ќе организираат средби со секоја компанија која сака да инвестира најмалку 5 милиони долари во странство и чија регистрација е завршена по 28-ми ноември.

Покрај тоа, од 9 часот наутро на 28-ми ноември сите банки треба да ги пријават на централната банка за секоја трансакција над 5 милиони долари. „SAFE“ ќе ги контролира и ќе има право да го запира секој проект за странски директни инвестиции, при што кинеските инвеститори треба да пренесат над 50 милиони долари надвор од земјата. Само откако се проверуваат законитоста и вистинитоста на проектот, тогаш ќе биде дадено зелено светло.

Новите мерки најверојатно ќе создадат проблеми за голем број проекти за странски директни инвестиции, вели извор на „CNBC“ од „JPMorgan“.

Оваа година се забележува драстичен раст на странските директни инвестиции. Кинеските компании потрошија 212,7 милијарди за спојувања и превземања надвор од земјата од почетокот на годината, што е двојно повеќе од рекордната сума од 2015-та година – 111,5 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за трговија.

Од мај оваа година, освен Шангај, многу провинции и општини во Кина, вклучувајќи ги и Пекинг, до одреден степен ја засилија контролата над директните странски инвестиции во партнерските компании и над откупот на девизи, коментира „CNBC“.

Според голем број аналитичари властите во Пекинг преземаат мерки за да ги минимизираат последиците од потенцијалното зголемување на каматните стапки во САД во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП