4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТолку здрава и моќна, а тешко се чисти! Еве како полесно да...

Толку здрава и моќна, а тешко се чисти! Еве како полесно да дојдете до здравиот плод на калинката (видео)

31732_nar_630x0

Дали сте знаеле дека сокот од калинка има поголемо антиоксидативно делување дури и од зелениот чај и црното вино?

Со редовно консумирање на калинка може да си обезбедите одлично здравје, а во многу култури, таа претставува симбол за плодноста која донесува среќа во домот!

Од калинката, која созрева во доцната есен, се консумира семето и сокот. Плодот на калинката е богат со сите витамини, а посебно со витамините Ц, А, Е и Б5, како и минерали како што се калиумот и железото.

За сокот од калинка е докажано дека има поголемо антиоксидативно делување дури и од црното вино и зелениот чај. Делува и антиатерогено, односно спречува појава на атеросклероза. Израелските научници пак откриле дека консумирањето на една чаша сок од калинка дневно го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Со пиење на овој сок во период од година дена, крвниот притисок се намалува за 21 процент, а значајно се подобрува и дотокот на крвта во срцето.

Меѓутоа, она што сите најмалку го сакаме кај калинката е нејзиното чистење. Токму затоа ќе ви дадеме видео совет како да дојдете до овој здрав плод, а да не се измачите. Погледнете го видеото…

Доколку сепак не можете да се снајдете, купете 100 % органски сок од калинки и уживајте во благодетите од ова овошје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП