9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВесна Бејби се пофали со новиот „Трофеј“

Весна Бејби се пофали со новиот „Трофеј“

%d0%b2%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b5%d1%98%d0%b1%d0%b5-%d0%ba%d0%bd%d0%b8%d0%b3%d0%b0-1-696x483

Како што беше громогласно најавувано актерката Весна Петрушевска во средата во хотел „Парк“ ја промовираше својата прва книга. „Трофеј“ всушност е нејзината автобиографија, поделена на неколку дела и во секој од нив раскажува за различни етапи од животот.

Промоцијата ја отвори писателката и издавач Винка Саздова, некриејќи го одушевувањето за писателското дело на Бејби.

„Можам да потврдам дека сум прочитала навистина премногу книги и дека сум напишала и неколку самата, но дека таква искреност, такво разголување на себе си никогаш не сум сретнала. Мене лично како човек толку ме допре нејзината исповед, што јас навистина со денови не можев на мислам на ништо друго освен на Весна“, истакна Саздова, која воедно е и првата лично која ја има прочитано оваа автобиографија.

И актерот Игор Џамбазов, исто така, рече збор-два за Весна, зошто нели и тој си доби своја улога на промоцијата, секако како промотер.

„Ова е книга со скоктлива меланхолија, книга со безусловна љубов и книга со позитивна тага. Јас не знам дали некој од вас доживеал позитивна тага, но кога ќе ја читате оваа книга ќе ви биде тажно, а убаво на душата“, рече Џамбазов, кој како вистински шоумен не изостави и да се пошегува на своја сметка – „Ова е единствена книга од македонски автор во која спомнувам јас, а не сум ја напишал“, за што нормално доби огромен аплауз.

Сепак, Весна уживаше во најдолгиот и најгласниот аплауз, веднаш откако прочита неколку извадоци од своето првенче. На самиот крај од своето излагање упати и совет до публиката – „Не се откажувајте, не престанувајте да сонувате, не престанувајте да верувате во љубов и не престанувајте да бидете свои“.

Доколку по ова ви се појави желба да ја прочитате оваа автобиографија, не чекајте слободно упатете се кон издавачката куќа „ТРИ“ и збогатете ја вашата домашна библиотека со уште едно дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП