18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФото кино клуб од Прилеп со две награди за документарен филм

Фото кино клуб од Прилеп со две награди за документарен филм

kamera399

На овогодишниот меѓународен фестивалски аматерски и документарен филм во Битола „Камера 300“, членовите на „Фото Кино Клуб“ Прилеп се закитија со две награди.

Тоа беше поводот за средба со градоначалникот Марјан Ристески кој ги поздрави, а воедно им честита на добитниците на награди посочувајќи дека ова е еден од најактивните клубови последниве години. Интернационалното жири на членовите на „Фото Кино Клуб“ Прилеп им доделија две награди и тоа на: гимназијалецот Горан Попоски за освоена награда Златна Камера 300 за најдобар документарен филм и на Гоце Трајкоски кој ја освоил наградата за најдобра монтажа за неговиот филм „Ајвар“.

Клубот и понатаму продолжува со успесите на полето на филмот и фотографијата, како и со обуката на нови членови и презентацијата на Прилеп и прилепските автори низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП