25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Маруша вратена дома“, најновата објава на Лилјана Мазова

„Маруша вратена дома“, најновата објава на Лилјана Мазова

marusha-696x500

Најновата објава на Лилјана Мазова, театарска критичарка и публициста е „Маруша вратена дома“.

Збор е за драмски текст напишан во 1925 година од Васил Хаџикимов и Душан Будимировиќ. Драмата е поставена истата година на репертоарот на тогашното Народно позориште – Штип и симната од репертоарот. Токму оваа претстава се води како прва забранета во официјален театар во Македонија.

Во книгата е објавена целата драма испишана со рачен ракопис на Будимировиќ, транскрибирана е, има текст како Маруша се врати дома, зашто со години/децении се тврдеше дека е изгубена, како е најдена, обработени е по чинови, кое е нејзиниот значење. Изданието содржи и текстови за тогашниот театарски живот во Штип и за авторите Д. Будимировиќ и В. Хаџикимов. По жанр е битова драма во три чина. Приказ е на времето, на животот и на општествените услови во времето кога е пишувана, изведена и симната од репертоарот затоа што „не и одговарала на тогашната власт“. Користен е драмски модел во кој сè е од реалниот живот.

„Важноста на Маруша е и во фактот дека е текст од македонското драмско наследство кој е напишан и одигран на јазикот на јунаците кои се од српска провиниенција (Македонија тогаш е под српска управа) и македонски јазик. Значи, напишана е на јазикот кој бил забрануван и кога македонските презимиња (па и некои имиња) биле менувани со српска транскрипција. Македонскиот јазик е всушност штипскиот дијалект. Јазикот е „производ“ на тоа време, покажува како се говорело и кој колку и како се „снаоѓал“ во изборот на зборовите и умешноста еден со друг да се разберат…, вели авторот и приредувач на изданието Лилјана Мазова.

Сите архивски материјали од изданието Маруша вратена дома Л. Мазова ги подарува на историската поставка на Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, директор Зоран Читкушев.

Изданието е финансирано во рамките на Националната програма за 2016 година на Министерството за култура на РМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП