21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на првиот роман од научнофантастчната трилогија „Наследството на Вероника“

Промоција на првиот роман од научнофантастчната трилогија „Наследството на Вероника“

na-rabot-od-vremeto

Организацискиот тим на Фестивалот на европската книжевност „BookStar“ја најавува промоцијата на дебитантскиот роман на младата македонска писателка Моника Трајковска, како дел од програмата Македонска поддршка.

Во петок, со почеток во 20 часот, во Јавна соба ќе биде промовиран првиот дел од научнофантастичната трилогија „Наследството на Вероника“ со наслов „На работ од времето“.

Романот ќе го промовираат познатите „твитерџии“ Маја Стојчевска, Михајло Стојанов, Марија Андреева и Дејан Миноски. По промоцијата следува журка со оригинален гитарски перформанс на „Гитара пет“ и со ДЏ сет на Ж’ба Autmind.

Возбудливиот прв дел од научнофантастичната трилогија „Наследството на Вероника“ ве воведува во Новиот Почеток, совршениот свет од иднината, во кој не постојат неизлечиви болести, сиромаштија, криминал, војна… или барем навидум е така. Животот на Вероника е мошне едноставен. Таа се буди, појадува, чита книги, руча, повторно чита, вечера и легнува да спие. Нејзините родители поголемиот дел од денот се на работа, а бидејќи нејзиното постоење е тајна и таа не смее да излезе од дома, ги гледа само за време на појадокот и на вечерата. Оваа рутина трае сè додека еден ден тие нема да се вратат од работа. Токму тогаш и започнува нејзината најголема авантура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП