5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворена изложба за Кокино и промоција на книга во КИЦ Софија

Отворена изложба за Кокино и промоција на книга во КИЦ Софија

kokino-izlo

Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија во петокот вечерта беше отворена изложбата на фотографии „Кокино-мистичен шепот низ вечноста“ и истовремено беше промовирана книгата „Портал на сонцето“ поетски избор од 42 современи поети од Македонија, на бугарски јазик.

За изложбата, посветена на Кокино, зборуваа директорот на Центарот во Софија Васко Шутаров, авторот на изложбата Љупчо Илиевски и Елизабета Кузмановска од име на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.

Низ 30 фотографии, авторот Илиевски пред публиката во Софија го претстави своето уметничко, но, и лично доживување на овој археолошки локалитет и воедно, светски позната мегалитска обсерваторија.

Во вториот дел од програмата беше претставена книгата со избор од македонска поезија на бугарски јазик, авторско дело на бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов. Во него се застапени 42 поетски имиња од сите генерации македонски поети, претставени со вкупно 385 песни.

Книгата беше претставена од авторот Кисјов и претставникот на бугарското книгоиздателството „Ерго“ Мартин Христов. Стихови интерпретираа Ѓорги Георгиев-Антика и Тодор Тодоров. Поетскиот дел од програмата со свои читања го збогатија академик Катица Ќулавкова и Владимир Мартиновски.

Ова беше централен настан на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија во есенскиот дел од културната програма. И двата настани се поддржани од македонското Министерство за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП