1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивал на сексуалноста во филмот „Иднината е меѓу твоите нозе“

Фестивал на сексуалноста во филмот „Иднината е меѓу твоите нозе“

idnina-noze33

Фестивалот кој се посветува на сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видеото во поранешна Југославија – „Иднината е меѓу твоите нозе“,ќе се одржи од 21-23 октомври, во Кино Фросина, Кино Култура, и Концепт 37.

За разлика од националистички ориентираната историографија на ревизионизам, и нејзиното неправедно хомогенизирање на комплексноста на југословенското наследство под капата на “титоистичкиот тоталитаризам“, во овие неколку дена сакаме да и пристапиме на историјата на сексуалноста во Југославија одново преку посуптилен, внимателен, и историски сензитивен пристап, велат организаторите.

Целта на фестивалот е да го донесе во преден план значењето што го имаат за колективната меморија различните форми на сексуална и родова имагинација и отпор во културната продукција во рамки на алтернативниот филм, видеото и субкултурните практики во Југославија. Отворајќи ги спецификите на оваа продукција, сакаме да размислуваме и разговараме за можностите што различните критички и еманципаторски имагинации за сексуалноста, родот и телесноста во Југословенската културна продукција од маргините ги отвора за нашето современо обмислување на родовата и квир критика и отпор.

Фестивалот почнува во петок, во 20ч, во Кино Фросина, со селекцијата на Жељко Лукетиќ „Должината не е важна – Хрватскиот алтернативен филм 1964-1989“. „Во рамки на оваа селекцијата ја имаме ретката и значајна можност да видиме за првпат некои филмови од најзначајните претставници на југословенската кинематографија и уметност, како Томислав Готовац, Хрвоје Туркович, Мирослав Микулјан, Дасен Штамбук, Невен Корда, Иван Салај итн“, додаваат организаторите.

Во сабота, во 13 часот во Кино Култура, предавање на тема „Без гордост 2013: Репрезентација на квир идентитетите во Источноевропската уметност и култури“ ќе одржи Саша Кесиќ од Белград.

Сабота вечер, 19.30 часот во Кино Фросина е резервирана за селекцијата на Марина Гржиниќ од Словенија, со исклучителната можност да се видат видео делата што таа и Аина Шмид ги продуцираа во 80-тите и раните 90-ти.

Недела, во 18 часот, во Кино Култура ќе одржи предавање босанската уметница Адела Јушиќ, на тема „Секс, брак и репродукција: Создавањето на идеалната југословенска жена“.

Фестивалот ќе биде затворен со DJ сет на Виолета Качакова и видео проекции на видеа од Borghesia од 80-тите во Концепт 37 во 22 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП