4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзлезе од печат лингвистичката студија „Негацијата во каузалните реченици“

Излезе од печат лингвистичката студија „Негацијата во каузалните реченици“

knigos

Во издание на „Македонска реч“ од Скопје, деновиве излезе од печат лингвистичката студија „Негацијата во каузалните реченици“ од Бојан Петревски.

Авторот синтетизира критериуми со оглед на долгата (филозофска, логичка и, пред сѐ, лингвистичка) историја на проучувањата на негацијата (од Аристотел, преку Ото Јесперсен, до Лоренс Хорн) и ги применува на македонскиот јазик. Резултатите покажуваат специфичности на секој вид во класата каузални реченици.

Бојан Петревски е докторант на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и автор на повеќе лингвистички трудови, а во периодот од 2013 до 2015 година бил ангажиран како лектор-предавач по македонски јазик на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (Иналко) во Париз, Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП