6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗаедничка изложба на дванаесет македонски сликари

Заедничка изложба на дванаесет македонски сликари

izlozba22

Во рамките на јубилејот 25 – години од основањето на „Матица македонска“, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во четврток, во 19 часот ќе биде отворена заедничка изложба на дванаесет истакнати македонски сликари од сите генерации под наслов „Најдоброто од Македонија“.

Ќе бидат презентирани дела од Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Костадин Качев, Решат Амети, Стефан Хаџи Николов, Димитар Малиданов, Димче Исаиловски и Боро Митрически.

Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници.
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 5 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП