4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечер на француска поезија и музика со поетесата Лор Камбо

Вечер на француска поезија и музика со поетесата Лор Камбо

knigic-33

Францускиот институт во Скопје и Музејот на град Скопје во среда во 20 часот, во Музејот на град Скопје, организираат вечер на француска музика и поезија „Патување низ стихови и музика“ со поетесата Лор Камбо.

На програмата се дела од Ерик Сати, Франсис Пуленк, Бела Барток, Ејтор Вила-Лобос, Луј-Моро Готшалк, како и читање на извадоци од поеми на авторката.

Лор Камбо e пијанистка и поетеса, која настапува со бројни лирски изведувачи, а нејзините стихови се присутни во голем број списанија и антологии.

По настапот во Скопје, таа ќе учествува на Фестивалот на поезија “Наим Фрашери“ во Тетово, од 20 до 24 октомври 2016.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП