20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Ветранот Буфон ја потврди класата, Јуве победи со десетмина (видео)

ЛШ: Ветранот Буфон ја потврди класата, Јуве победи со десетмина (видео)

%d0%b1%d1%83%d1%84%d0%be%d0%bd-%d0%ba%d0%bb%d0%b0%d1%81

Третото коло во Лигата на шампионите, во вторникот, беше отворено со натпреварите кои се одиграа во групите Е, Ф, Г и Х. Најубедливата победа ја забележа мадридски Реал, а во дербито Јувентус и со играч помалку победи во Лион.

Двете средби во Е групата завршија без победник, што само го потврди прогнозите на почетокот на сезоната, дека оваа група ќе биде најнеизвесна. ЦСКА и Мона одиграа 1-1, по голот на Траоре во 34-та минута, Монако израмни преку Бернардо Силва на три минути до крајот. Леверкузен и Тотенхем одиграа натпревар без голови.

Група Е, табела: Монако 5, Тотенхем 4, Баер 3, ЦСКА 2

Реал Мадрид ја декласира Легија во Ф групата, во меч во кој Роналдо не постигна гол. Бејл ја отвори серијата со два гола во првите 20 минути, потоа намали Радовиќ од пенал, а до крајот по гол постигнаа Асенсио, Васкез и Мората.

Спортинг, во Лисабон, ја пречека Борусија и не успеа да победи. Гостите од Дортмунд водеа 0-2 со головите на Обамејанг и Вајгл, а до крајот на мечот Бруно Цесар успеа да намали на 1-2.

Група Ф; табела: Борусија 7, Реал 7, Спортинг 3, Легија 0

Лестер во својата деби сезона во ЛШ има максимален ефект по три натпревари. Англискиот првак третата победа во елиатта ја забележа против Копенхаген. единственито гол на мечот го постигна Марез.

Порот со рпесврт во последните 20 минути успеа да победи во Бриж. Фосен го постигна голот за домашните, а потоа пресврт направија Лајун и Силва, кој постигна гол од пенал во 91.минута.

Лион во Х групата го пречека Јувентус, имаше неколку добри шанси, половина час играч повеќе но не успеа да победи. Голманот на Јуве, Џиџи Буфон не им дозоволи на домаќините да остварат победа. Ветранот имаше неколку браворузни интервенции, а во првиот дел му одбрани и пенал на Лаказет. Единствениот гол е дело на Квадрадо.

Минимална победа забележа и Севилја во Загреб, против Динамо. Самир Насри го постигна единствениот гол.

Група Х, табела: Јувентус 7, Севилја 7, Лион 3, Динамо 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП