11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо галерија Кора изложба на Љупчо Бојаров графика на дрворез

Во галерија Кора изложба на Љупчо Бојаров графика на дрворез

%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b0

Во Галеријата „Кора“, во Домот на градежниците во Скопје, во вторник, со почеток во 20 часот, ќе се отвори 18 самостојна изложба на еминентниот македонски сликар Љупчо Бојаров, кој лани ја доби наградата „Моша Пијаде“ за најдобра графика на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Изложбата ќе биде отворена до 30-ти октомври. Бојаров ќе се претстави со 30-ина графики.

„Дрворезот како ликовна техника има посебна убавина која го разликува од останатите техники. Неговата специфичност произлегува првенствено од медиумот – дрвото, кое потекнува од живиот свет и кое повторно оживува во процесот на неговото преобликување во уметничко дело. Племенитоста на дрвото ја опфаќа и самата ликовна техника, а произлегува од почитта на уметникот кон животот и можноста која му е дадена да ги оживее материјалните остатоци на еден природен организам. Историските податоци за дрворезот говорат дека тоа е најстарата графичка техника, што се должи на едноставноста на изработката и слободата на изразување кои таа ги нуди. Изложбата на дела, направени користејќи ги изворните техники на изработка и правење отисоци, претставува сиже на моето повеќе деценијско истражување на дрворезот“, вели Бојаров.

Љупчо Бојаров дипломира на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје во 1984 година, и оттогаш е член на ДЛУМ. Учесник е на стотина групни изложби ширум Македонија и во поранешна СФРЈ, почнувајќи од Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево итн. Љубителите на уметноста имаа можност, освен во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска, Италија) неговите дела да ги видат и во Њујорк, САД и во Египет.

Покрај самостојните изложби во Скопје, Бојаров повеќепати со свои дела гостувал во Белград, Будва, Малме и во други европски градови.

Добитник е на повеќе награди на државно и на меѓународно ниво за најдобра графика. Дел од добиените награди се: „Св. Климент Охридски“, „Моша Пијаде, ДЛУМ”, „Emerging Artist” за графика на 5. Меѓународно анале, “Diploma of Eceleent”, „Гуте Аврамовски”, „Premio-Acuisto Del’ Aministracione comunale di RHO”, „XXXII Premio internazionale di grafika“ итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП