12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиртуелната реалност - пазар од 1 илјада милијарди долари

Виртуелната реалност – пазар од 1 илјада милијарди долари

vrealnost-353

Вредноста на пазарот на технологија за виртуелната реалност може да достигне 1 илјада милијарди долари до 2035-та година, покажува новиот извештај на аналитичкиот оддел на инвестициската банка „Citi“, цитиран од „CNBC“.

Извештајот на „Citi“ доаѓа во истата недела во која „Sony“ ги претстави очилата за виртуелната реалност „PlayStation VR“, насочени кон сопствениците на конзолата за видео игри на компанијата. Во 2016-та година на пазарот беа пуштени и други очила за виртуелна реалност од висока класа, меѓу кои „Oculus Rift“ и „HTC Vive“. Технологијата за проширена реалност, како онаа на „Microsoft HoloLens“, исто така, не заостанува.

„Виртуелната реалност навлезе категорично како инвестициска тема и расте како индустрија. Веруваме дека ќе се користи во различни апликации и во голем број на индустрии“, коментира Кетлин Бојл, управен уредник на „Citi GPS“.

Технологијата за создавање на виртуелна реалност во практиката веќе влијае во неколку насоки, а многу компании ги испитуваат можните нејзини апликации. Надвор од забавниот бизнис, виртуелната реалност се користи и во туристичкиот сектор, за образовни цели и во здравството.

Во август „DeLoitte“ објави студија, според која 88% од компаниите со годишен приход меѓу 100 милиони долари и 1 милијарда долари веќе користат некоја форма на виртуелна или проширена реалност, како дел од својот бизнис.

„Citi“ предвидува дека продажбата на хардвер, поконкретно на очила, ќе бидат главен двигател за растот на секторот. Компанијата очекува пазарот на виртуелна и проширена реалност да достигне вредност од 692 милијарди долари до 2025-та година кои надминуваат 1 илјади милијарди долари во следната деценија.

„Со оглед на тоа дека глобалниот пазар на електронска и мобилна трговија во моментов е во вредност од околу 1 илјада милијарди долари и се очекува да се зголеми до 4 илјади милијарди долари до 2030-та година, дури и виртуелната и зголемената реалност да заземаат само еден мал дел од пазарот, тоа ќе биде значаен двигател за растот на пазарот на виртуелната реалност како целина“, објаснува Бојл.

„Ако ја прошириме прогнозата до 2035-та година, веруваме дека пазарот на проширена реалност може да грабне околу 25% од пазарот на мобилна трговија, што би се изедначило со 1,3 илјади милијарди долари“, вели Бојл

Содржината ќе биде клучен фактор за успехот на виртуелната реалност, за да може таа да ги привлече корисниците. Освен игрите, „Citi“ очекува да биде создадена таква содржина, што ќе им овозможува на корисниците да посетуваат концерти, зоолошки градини, забавни паркови и да гледаат филмови.

Во однос на продажбата, до 2020-та година се очекува да бидат продадени 21 милиони очила за виртуелна реалност, прогнозира аналитичарската компанија „CCS Insight“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП