19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВикенд исполнет со разговори и одличен шведски филм во Дом на АРМ

Викенд исполнет со разговори и одличен шведски филм во Дом на АРМ

image-13

Во контекст на изложбите „Пристапност“ и „Дизајн за достоинствен живот“, во периодот 14-16 октомври Амбасадата на Шведска организира серија на настани.

Гостува Сара Шамлу Екблад, едно од лицата од Шведска чиј портрет е дел од изложбата „Пристапност“. Таа е слепа и ќе дојде со своето куче водич Брис. Во петок, на Скопскиот Саем во Бизнис центарот, во рамки на Конгресот за лица со посебни потреби, Сара од 16.50-17.30 ќе одржи предавање за „Кучиња водичи“ и едно за „Брејова азбука за слепи лица“ . Во недела пак, ќе биде дел од „Балот на различности“ каде ќе настапи на флејта.

Во сабота, од 17.40 часот на конгресот гостин предавач ќе биде Пер Јохансон, шведски предавач, сценарист театарски продуцент и режисер. Тој е иницијатор и водач на театарската трупа „Среќен Худик“. Театар во кој лица со и и без посебни потреби настапуваат заедно на сцената. Театарот „Среќен Худик“ покрај распродаваните тури во Шведска со “Елвис” и “Волшебникот од Оз” тие имаат настапувано и во Њујорк. Приказната на Пер и како настанува оваа театарска трупа е раскажана во играниот филм, инспиративна комедија, насловен “Како да си ги врзеш чевлите?“ кој ќе биде прикажан во Домот на Армијата истиот ден, од 20 часот. По проекцијата на филмот, посетителите ќе имаат можност да поразговарат со Пер Јохансон.

Влезот на сите настани е слободен, освен за Балот на различностите за кој билет може да се набави преку организаторот, асоцијацијата „Дајте ни Крилја“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП