
Денеска на плоштадот „Македонија“ од 10 до 18 часот традиционално, по шести пат, се одржува „Фестивалот на органска храна“.


Денеска на плоштадот „Македонија“ од 10 до 18 часот традиционално, по шести пат, се одржува „Фестивалот на органска храна“.
Фестивалот кој се одржува под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“, има за цел да го промовира користењето органска храна како важен сегмент во секојдневната исхрана на човекот и да ги потенцира сите предности кои ги носи користењето на органската храна за здравјето на граѓаните.
На фестивалот на органска храна се претставени 20-тина производители на органска храна, а се одржуваат и работилници и предавања за деца и возрасни.
Во изложбениот дел на фестивалот, граѓаните имаат можност да ги видат и вкусат производите на повеќе од 20-тина органски производители и компании кои нудат здрава храна: органски мед, органски зеленчук и овошје, органска козметика и многу други.
Фестивалот на органска храна оваа година е во организација на здружението на граѓани „Подиум Скопје“ со финансиска поддршка од Градот Скопје во износ од 200.000 денари.