20 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри здрави замени за компирот, тестенините и лебот

Три здрави замени за компирот, тестенините и лебот

169548271357f2498005d48932970566_w640

Сите кои сакаат да ја задржат линијата или да се ослободат од вишокот килограми би требало да водат сметка за тоа што и колку јадат.

Ако ви недостасуваат идеи, а не сакате да останете гладни, пробајте ги овие замени за лебот, тестенините и компирот со минимално калории и максимално нутритивни состојки кои можете да ги јадете колку сакате и кога сакате.

Замена за компир

Оваа намирница се подготвува на безброј начини, а не содржи речиси никакви масти. Има многу малку јаглени хидрати и калории па е идеална замена за компирот.

Доколку сакате карфиолот да го претворите во вкусен прилог обарете го и подгответе го како компир и претворете го во пире. Исто така, варениот кафриол зачинет со малку сол, бибер, маслиново масло и оцет станува највкусната салата која можете да ја јадете и без ништо друго.

Замена за леб

Ако сте зависник од лебот и не можете да замислите ниту еден оброк без него, ви претставуваме алтернатива. Станува збор за видовите на леб без трошка брашно кои се многу вкусни и се одлична замена.

Замена за тестенините

Тестенините на многумина им се главен дел од брзиот оброк кој може да се подготви за само половина час. Иако се многу вкусен додаток во јадењата, тестенините не се пријател на вашата линија, особено ако планирате да загубите некој килограм вишок. Поради тоа најдобро е да одберете диетални или интегрални тестенини и сепак да ја намалите количината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП