7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПродажна изложба под мотото: И старите можат!

Продажна изложба под мотото: И старите можат!

starite mozat3

Продажна изложба на производи дизајнирани и изработени од штитениците на Домот за стари лица „Хотел Идила – Терзиева“, ќе се одржи во сабота во просториите на домот.

Изложбата,  под мотото: И старите можат!, е резултат на проектот „Меѓугенерациски трансфер на традиционални знаења и вештини: дизајн и изработка на сувенири“ на Центарот за култура и културолошки студии и Домот за стари лица „Хотел Идила – Терзиева“, поддржан од Министерството за култура на РМ.

Целта на проектот е, преку организирање на креативни работилници, да се воспостави позитивна практика на социјална инклузија на старите лица сместени во домовите за згрижување на стари лица и да се покаже дека и старите и изнемоштени лица се способни за креативни активности кои се општествено корисни и кои можат да учествуваат во економскиот живот на земјата. Едновремено, ќе се постигне и меѓугенерациски трансфер на традиционани вештини и знаења.

Мисијата на проектот е, преку креативни активности да се врати чувството на достоинствен живот на старите лица, да се смени сликата за старите како товар на општеството и семејствата, а со тоа да се подобри нивното ментално здравје. Со тоа треба да се надмине општествената „невидливост“ на една од најзапоставените општествени групи, старите и изнемоштени лица и да се надмине нивното чувство на некорисност и отфрленост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП