18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК против ревизија на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада

ЕК против ревизија на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада

protiv

Европската комисија донесе одлука дека за договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада – Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА) не може повторно да се преговара, иако тој предизвика бројни контроверзии и големо противење во Европа.

„CETA е склучен и за него нема повторно да преговараме“, ја пренесува британскиот јавен сервис BBC изјавата на комесарката на ЕУ за трговија Сесилија Малстром по состанокот во петокот на министрите за трговија на земјите членки на ЕУ во Словачка.

Нацрт договорот CETA е усогласен, меѓутоа националните парлaменти би можеле да ја одложат неговата примена, забележува BBC

Активистите стравуваат дека овој договор, како и оној со САД, може да ги наруши европските стандарди во клучните области: работнички права, јавното здравје и заштитат на потрошувачите и на природната околина.

Ги загрижува и предложеното формирање специјални судови на коишто инвеститорите би можеле да подигнуваат тужби против државите, доколку оценат дека законите им наштетуваат на нивното работење.

Критичарите велат дека и самото постоење на таквите судови, во функција на алтернатива на судовите во земјите, би влијаеле врз законодавците и би резултирале со поблаги прописи во сферите на екологијата и социјалната држава.

Малстром рекла дека трговскиот договор со Канада ќе биде главната тема на состанокот во Братислава. Во ЕК се надеваат на можното потпишување на овој договор до крајот на октомври, по што тој би бил испратен на ратификување во Европскиот парламент. Потоа ќе мора да го ратификуваат и парламентите на сите земји членки на ЕУ.

„Со Канаѓаните разговараме за евентуалните дополнителни појаснувања, за официјално објавување, за да можеме да отстраниме некои од тие стравувања“, рекла Малстром.

Се согласила дека во некои земји се стравува дека нивните политичари би можеле ада загубат дел од надлежноста во областа на регулативата. „Можеби таквото право мора да биде уште појасно истакнато во официјалната објава“, рекла Малстром, признавајќи дека преговорите за CET и натаму се „тешки“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП