13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува манифестацијата „Европски денови на културното наследство“

Почнува манифестацијата „Европски денови на културното наследство“

европски-денови

Манифестацијата „Европски денови на културното наследство“ којашто ќе опфати повеќе категории на уметноста и воопшто на културата, почнува во петок.

Овогодишната манифестација има за цел да го презентира европското културно наследство во Македонија и неговата интеракција со локалните обележја во сферата на ликовната и музичката уметност, литературата, архитектурата, занаетите и модата. Со цел да се истакне симбиозата меѓу европските вредности и македонската култура, оваа година манифестацијата „Европски денови на културното наследство“ се реализира во повеќе тематски единици вмрежени во мотото „Европа во Македонија“.

Настаните се распоредени во три дена во периодот од петок до недела и во нивни рамки ќе се изведуваат дела на современи европски композитори, ќе настапуваат џез, поп и електро состави со влијанија од скандинавската, германската и британската сцена, ќе се читаат надреалистички поети, ќе се претстават дела на македонски сликари и скулптори работени во времето на модерната, ќе се раскажува за римските артефакти, а ќе има и изложби преку коишто ќе се презентираат европската архитектура, уметност и култура присутни во Македонија од XIX и XX век.

По повод 20 години од учеството на Република Македонија во манифестацијата „Европски денови на културно наследство“, во НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена филателистичка и картофилска изложба на д-р Бранислав Светозаревиќ насловена како „Европа во Македонија“. Изложбата ќе биде отворена во петок во 16 часот во холот на музејот.

Изложбата содржи богат картофилски материјал од 1938 година до денес – покани, разгледници, писма и друга дипломатска кореспонденција во Македонија низ времето. На нив се претставени разни политичко-дипломатски, културни и спортски настани со европски предзнак кои се одржувале во Македонија и ја одразуваат богатата соработка на македонските и европските институции.

Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 21 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП