2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААКТО Фестивалот за современи уметности продолжува во Скопје

АКТО Фестивалот за современи уметности продолжува во Скопје

акто

Вториот дел од единаесеттото издание на АКТО Фестивалот за современи уметности продолжува во Скопје од 23 – 28 септември.

АКТО Фестивалот за современи уметности е организиран од Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат и е поддржан од УСАИД.

Фестивалот, кој втората деценија ја започна како ПОП АП АКТО годинава се случува во четири града, започнувајќи во Битола во август. По Скопје, фестивалот ќе продолжи во Штип во октомври и Тетово во ноември. Скопската програма ќе се одвива на повеќе локации, како Кино Култура, Мобилна/ монтажна галерија, Железничка зграда, Капан ан, додека помали содржини ќе има и во Канал 103 и Радио бар.

Програмата на ПОП АП АКТО во Скопје ќе се надоврзе на темите отворени во Битола во однос на политичката моќ на колективите и важноста на заедничкото делување, осврнувајќи се на генералниот паланечки контекст кој се среќава кај општествата и кој е производ на заробениот дух. Во овој дел ПОП АП АКТО соработува со граѓанската акција „Деца на планетата Земја“ која промовира безбеден и слободен соживот и надминување на омразата кон „различното“.

Здружението ФРУ – Факултет за работи што не се учат е формирано 2000 година како уметнички проект чие официјално функционирање започнува во 2001 година во Скопје. Една од главните активности на ФРУ е АКТО фестивалот за современа уметност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП