15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПаоло Коељо побарал да пишува роман за Радован Караџиќ

Паоло Коељо побарал да пишува роман за Радован Караџиќ

paolo

Светски познатиот писател Паоло Коељо, испратил интересно барање до Хашкиот трибунал. Тој се заинтересирал за начинот на кој поранешниот воен претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, по војната, се криел под името др. Драган Дабиќ.

Белградскиот весник „Вечерње новости“, објави дека славниот Паоло Коељо има желба да напише роман за Радован Караџиќ. Овој негов предлог бил испратен до Хашкиот трибунал и до самиот Радован Караџиќ.

Според истиот извор, познатиот писател бил подготвен две недели да престојува во Холандија, период кој би го минал со Караџиќ, со цел поранешниот лидер на босанските Срби да му открие како со години се криел од власите под брадата и името на др.Драган Давид Дабиќ.

Повикувајќи се на свои извори во Трибуналот, весникот, пренесува дека Караџиќ сѐ уште не се согласил да открие дела од својата лажна биографија и целосно да се „соголи“ пред бразилскиот писател.

Караџиќ бил свесен дека неговата филмска приказна би предизвикала планетарен интерес, а со потписот на Коељо и милионски тираж, тој сѐ уште размислува дали да ја прифати понудата.

Физичката трансформација на човекот кој е обвинет за злосторства против човештвото е повешта и подобра од било кој криминалистички филм. Караџиќ, како др.Дабиќ со години непречено се движел меѓу луѓето во српската престолнина Белград.

Живеел во блокот 45 на Нов Белград, се занимавал со својата основна професија, психијатријата и редовно држел предавања низ Србија. Работел во две приватни ординации, една на Нов Белград, а една во центарот на Белград.

Непрепознатлив со долга коса и брада, тој бил редовен учесник на трибини, промоции, фестивали. За некои од неговите настапи известувале и медиумите, но никој не можел да претпостави кој е вистинскиот др.Дабиќ.

И неговото апсење било несекојдневно. Уапсен е на 18.јули 2008 во градски автобус 73, чија релација е од Блокот 45 во Нов Белград до Батајница.

Четири дена по приведувањето српските безбедносни служби објавија дека е уапсен еден од најбараните бегалци на планетата.

Паоло Коељо е еден од највлијателните писатели на денешнината, неговите дела насекаде низ светот се продадени во тираж од преку 150 милиони примероци. Делата на бразилскиот писател се објавени во преку 170 земји во светот и се преведени на повеќе од 80 јазици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП